И Ричард Никола, Џ.В.Андерсон и Џилиен Мекдоналд се претставија на LFW

16 септември 2013

Џ.В.Андерсон 23

На вториот ден од модната недела во Лондон (сабота) се претставија уште три големи модни имиња. Ричард Никол, Џ.Андерсен и Џелиен Мекдоналд ги претставија трендовите за пролет 2014 година.

Тројцата дизајнери останаа доследни на својот стил. Ричард се претстави со спортска, андрогена колекција, во која доминираа острите линии, но сепак критичарите ја оценија како мошне модерна и освежувачка.

Кога се острите линии во прашање, тие се присутни и во колекцијата на Андерсон. Кај него исто така доминираат и мошне архитектонски и скулптурни линии, аплицирани врз фустаните и стилизираните кратки топови. Женственоста во креациите овој пат беше „редизајнирана“ во футуристичка нота.

Џилиен Мекдоналд како и секогаш претстави гламурозна колекција, каде акцентот беше ставен на вечерните и креациите за забава. Се истакнуваше металниот сјај и светкавите материјали. Дел од линиите на креациите беа веќе добро познати, како оние кај здолништата, а изненадување беше изгледот на кафтанот и боди во стило на Лејди Гага.

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Колекции