„Маратонката“ Лоба го покажа затегнатото стомаче

13 мај 2013

Убавата поп пејачка со руско потекло Викторија Лоба, на вчера одржаниот Скопски маратон 2013 година, облечена во специјален костим за трчање со број 1003 го покажа и својот талент во брзина на трчање и кондиција, но патем се „пофали“ и со убаво стегнатиот стомак кој  го доби како резултат на постојаните тренинзи во фитнес центар и се разбира од ангажманот во танцовото шоу „Танц со ѕвездите“. Иако, таа не е победникот на Скопскиот маратон  ниту пак на „Танцот со ѕвездите“ ,Викторија покажа повеќе таленти, но и докажа дека  напорната работа вреднува со резултати , па од тука ние  би се воделе по онаа народната „Што е убаво нека се види“.

Објавено:
13 мај 2013
Категорија: 
Актуел