За мрзливи: Најлесната вежба за намалување стомак за две недели

7 февруари 2019

Откако помина празничниот период, веруваме дека повеќето од вас размислуваат како да го намалат стомакот, а притоа да имаат добра фигура до почетокот на летото.

Но, исто така, голема е веројатноста меѓу вас да има и помрзливи што не се многу по вежбањето по теретани или фитнес сали.

Во продолжение ќе ви презентираме една вежба, за која стручњаците ќе речат дека е една од најлесните, а притоа ќе ви помогне да ги видите резултатите веќе после две недели. И да, не се класичните „стомачни“ вежби.

Тајната на оваа вежба е во привалното дишење.

Во оваа вежба со дишењето се активираат и зацврстуваат најдлабоките абдоменални мускули, вели Рич Стурла од британскиот центар за здрав живот „Results Health & Performance“.

Ако ја работите прабилно, ќе го зајакнете целиот средишен дел на телото, ќе ја отстраните болката од долниот дел од грбот и ќе го подобрите држењето на телото. Оваа техника на длабоко дишење и „вшмукување“ на воздухот од стомакот се користи и во пилатесот или јогата, но може да се работи и одвоено. 

А еве и како:

1.Штом се разбудите, идеално би било на празен желудник и додека сте уште во кревет, легнете на грб со свиткани колена и стапалата поставени на душекот. Вдишете длабоко, па издишете и вовлечете го стомакот така силно како да сакате да го залепите за карлицата. Колку повеќе го вовлечете, толку ќе биде силна контракцијата и ефективноста на ова движење.

2.Задржете го вовлечениот стомак 15 секунди за почеток, а потоа како напредувате, така потрудете се стисокот да трае до 60 секунди, користејќи кратки вдишувања по потреба. Повторете три до пет пати.

3. Кога ќе сте подготвени за потешката верзија на „извлекување“ воздух од стомакот, работете ја истава вежба клечејќи на колена, со дланките нанапред, седејќи право во столче или на топка пилатес.

4.После оредено време, стомакот ќе можете да го држите стегнат и додека седите или стоите во текот на целиот ден.

Ако ја правите оваа најлесна вежба редовно, се храните здраво и го практикувате својот вообичаен тренинг, првите резултати можете да ги видите и веќе за две недели.

 

Објавено:
7 февруари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.642 пати