Пример дека една жена може да биде најисполнета и задоволна со својот изглед во текот на бременоста, е пејачката Гвен Стфани. Кога беше соопштена веста дека е во блажена состојба со третото дете, кое ќе биде машко, објавивме фотографии од нејзиниот префинет вкус за комбинации од стајлинзи во текот на бременоста. Сега, таа е во последните месеци, нејзиниот стомак е многу поголем, но умее да го прикрие со исто толку маркантни комбинации пред се од црна боја.
Гените играат голема улога за нејзината витка линија, таа воопшто не се менува, освен во стомакот, а неодамна за магазинот Мери Клер изјави дека никогаш не практикува да вежба додека е бремена. Гвен е нашата омилена трудница, доколку и вие сте во слична фаза, пробајте да украдете нешто од нејзиниот стил.