Стефани Борсова- згодна и во петтиот месец од бременоста

1 јули 2013

Иако веќе е во петтиот месец од бременоста, поранешната македонска мисица Стефани Борсова која во 2010 година ја претставуваше Македонија во Кина  на „Мис на светот“, ја држи својата витка линија и „расте“ само во стомачето. На нејзиниот личен профил на Фејсбук таа објави фотографии на кои го покажа своето тело во костим за капење и откри дека чека машко дете.

 

Инаку, манекенката живее во Србија со нејзиниот сопруг Александар кој има ланец слаткарници низ Србија. Тие двајцата често ја посетуваат Македонија а во брак се околу една година.

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Актуел