Шармантната трудница Ен Хатавеј го одбра совршениот фустан за неа

12 август 2019

Прекрасната актерка Ен Хатавеј викендов за прв пат се појави во јавноста, откако минатиот месец соопшти дека е бремена со нејзиното второ дете.

Ен изгледа божествено на црвениот килим пред театарот „The Hudson" во Њујорк, во придружба на нејзниот сопруг Адам Шулман.

Блажената состојба на актерката дополнително ја нагласува посебната харизма со која зрачи, а нејзината појава на црвенот килим добива посебен печат благодарение и на совршениот избор на фустан во магента нијанса.

Изборот на кројот елегантно ја нагласува линијата на нејзиното тело и го потенцира стомачето, што очгледно и било целта на актерката.

Инаку веста за бременоста со нејзиното второ дете, Ен ја објави со фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм на 24 јули.

Фото: Getty images

 

Објавено:
12 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.638 пати
Тагови: 
Ен Хатавеј