Ѕвездите во хуманитарна мисија на Angel Ball

21 октомври 2014

Прекрасната трудница, русокосата актерка Блејк Лавли, заедно со својот сопруг актерот Рајан Рејнолдс, беа главните ѕвезди кои го одвлекоа целото внимание не само на фоторепортерите и камерманите туку и на гостите на традиционалниот Angel Ball кој секоја година се одржува на Cipriani Wall Street на Менхетен. Родителите со нетрпение го очекуваат своето прво дете, а неодамна ја прославија и втората годишнина од бракот. Се чини дека на 27 – годишната актерка и годи бременоста, бидејќи Лавли е поубава од било кога и да е. На балот таа се појави во жолта тоалета на долги ракави со мошне впечатливо деколте, модел од последната колекција на Гучи Ресор за 2015 година.

Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс

„Додека бев во авионот и доаѓавме наваму, мислев имиња за бебето, да бидам искрен. Не сакам тоа да биде ништо претенциозно како Холивуд на пример. Си мислев да се вика Ескалибур Анаконда Рејнолдс, ако е девојче, нормално. Во случај да е машко сметам дека најприкладно би било Брус Џенер Рејнолдс“, низ смеа изјави актерот за медиумите.

Алиша Кис со сопругот Свиз Битс Алиша Кис со сопругот Свиз Битс

Но, Блејк Лавли не беше единствената трудница која беше присутна на балот. Алиша Кис која имаше и свој настап во склоп на балот е бремена со своето второ дете. Пејачката на балот пристигна заедно со својот сопруг Свиз Битс, а беше облечена во црн долг фустан кој целосно и го покриваше телото, со масивен ѓердан за да ја разбие монотонијата на креацијата.

Софија Вергара Софија Вергара

Балот се одржува секоја година со хуманитарна цел да им се помогне на луѓето кои се заболени од леукемија, преку собирање на финансиски средства и нивно правилно распоредување онаму каде е потребно.

Крис Џенер Крис Џенер

Меѓу другите кои дојдоа да бидат дел од гламурозната вечер се Софија Вергара, која блесна во долга тоалета која беше спој од светкави парчиња материјал. Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан повторно ја нагласи својата елеганција и женственост во бела тоалета попрскана со светкави монистра. Ѕвездата на Fast & Furious, актерката Мишел Родригез пак се појави во тоалета во црно-бел спој декорирана со кожени парчиња.

Мишел Родригез Мишел Родригез

Сестрите Хилтон, својата убавина ја нагласија со избор на пастелни тоалети. Ники во розова праска боја, а Парис одбра бела тоалета која од страната беше нагласена со парчиња сјаен сатен во кремова нијанса, за да се даде акцент на силуетата. Во продолжение погледнете кој уште беше дел од хуманитарниот бал:

 

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Сцена