Богатиот колорит на пролетта се реплицира и на нашето расположение и на нашата облека. И оваа пролетна сезона доаѓа оплеменета со свеж и разигран колорит, па подгответе се за „експлозија" од бои.
Првите денови од пролетта, остануваме верни на слоевитото комбинирање, но овој пат дебелите, зимски ткаенини ќе ги замениме со полесни, полежерни материјали. Токму во тој слоевит спој на парчињата, може да дојде до израз и нашата умешност да комбинираме бои, дезени и различни принтови.
Ако се сконцентирате на уличната мода, ќе забележите дека се прават ексцентични, храбри комбинации помеѓу две интензивни бои, помеѓу „неспоиви" принтови или пастелни со изразити нијанси.
Доколку сепак сте резервирани во изборот на бои, тогаш вашиот пролетен имиџ може да го освежите со детали акцентирани со принт или боја која што се издвојува од остатокот од колоритот што го преферирате.
Неколку идеи во продолженние.