Пролетни деловни комбинации со колоритен дух

10 април 2018

Колоритното пролетно расположение не го одминува ниту деловниот свет, барем кога е облекувањето во прашање.

Сега е време, слоевитите зимски комбинации да ги замениме со пријатни ткаенини, лелеави кроеви и лесна облека.

Секако богатата палета на бои доаѓа паралелно со новата сезона. Во деловниот стил, ќе биде вклучена идентична палета што како тенденција преовладува оваа пролет во актуелните трендови.

Виолетови нијанси, пудрести тонови, детали акцентирани со интензивни нијанси, се само почетна насока во дефинирањето на пролетниот деловен изглед.

Дводелниот костум со панталони во широк крој е една од најпопуларните деловни комбинации оваа пролет, а ќе го најдете во широк избор на бои, од пастелни до загасити нијанси.

Не заборавајте дека пролетта е позабавна во принтови, па не е на одмет некогаш во вашиот деловен аутфит да вклучите и некој интересен принт, флорален, апстрактен, во точки или пруги.

 

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.043 пати