Пролетни одела во пастелни бои за освежување на вашиот деловен стил

10 април 2023

Дводелни, елегантни костуми се секогаш добра идеја – особено кога деловниот стил е во прашање.
А во пролет, деловните костуми ги освежуваме со пастелна палета на бои што ќе донесат убава енергија во вашиот деловен плакар.

Минт зелени, нежно розови, небесно сини, сите варијанти на пастелни тонови се особено флексибилни за комбинирање со модни додатоци што ќе му дадат акцент на деловниот изглед како марама со впечатлив принт, чанта со интересен дезен или пак суптилен накит или рачен часовник што ќе ја заокружи приказната.
Во однос на кроевите и оваа сезона продолжува трендот на малку полежерни и пошироки кроеви, но класичните „прави" линии остануваат во доменот на класиката, па нема да погрешите и ако одберете модел со таков крој.

Како да ги имплементирате пастелните бои во вашиот деловен имиџ, ве инспирираме со неколку интересни комбинации со одела од актуелната улична мода.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
10 април 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.204 пати