Збогатете го деловниот изглед со овие парчиња...

6 ноември 2015

За да не премине во досадна рутина и монотоно облекување, деловниот дрес код често треба да го освежуваме со промена во комбинациите или со имплементирање на нови детали или парчиња облека.

Оддамна помина времето кога во колективната свест важеше мислењето дека ригидноста на деловниот изглед не дозволува креативно размислување во градењето на имиџот на еден деловен човек.

Напротив, целата модна индустрија е насочена во правец кој диктира бројни опции во изборот на деловни парчиња. Варијациите се до толку богати што честопати деловните парчиња ги комбинираме и во поопуштени прилики, па ги спојуваме со спортски парчиња облека или за свечени настани правиме аутфити што вклучуваат здолниште во пенкало крој и свилена кошула на пример.

Затоа во продолжение во посочуваме неколку интересни парчиња облека и модни додатоци што ќе му дадат една поинаква димензија на вашиот деловен имиџ оваа сезона.

Објавено:
6 ноември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.701 пати