Петар Ѓошев: Стилот нема бренд

19 септември 2013

 

На коктелот кој беше одржан по повод почетокот на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, имавме можност да поразговараме и со водителот Петар Ѓошев кој важи за млад човек кој се грижи за својот стил, модерен и секогаш во тренд и кој воопшто не ги штедеше своите размислувања и ставови околу модата и во опуштен разговор сподели неколку свои мислења за модата кај нас во светот, на црвениот  килим итн... На прашањето што носи вечерва еве што ми одговори:

„Многу е неблагодарно, нема да ти зборувам за дизајнери, сметам дека е погрешно кога луѓето го градат својот имиџ со тоа што се фалат кои брендови и кои дизајнери ги носат. Стилот нема бренд, затоа како што би рекла Коко Шанел: „Она што можеш да го носиш секаде со себе е креативен ум и тој нема сезони и не се препознава , тоа е твојот дух и твојата аура“.

 

Оние кои имаат или градат вистински стил не се оптоварени со тоа што и како им пишува на етикетата. Негата околу себе, прво менталната хигиена на која често се заборава, а во таа смисла и тој ментален недостаток или елоквентност или едукација се покрива со не знам ЛВ (Луј Витон), букви или Бурбери или разно разни брендови кои се обидуваат да прикријат некаква своја нестварност. Не го критикувам купувањето на брендирана облека, туку просто сметам дека е погрешно да, прво нешто со кое што се појавуваш, па и на вакви коктели е јаснотијата дека носиш скапа гардероба“.

 

 

Разговорот продолжи во малку пошироки размери кога го наметнавме прашањето за споредба на овој филмски фестивал со оној во Кан:

„Немаме пари за да наликуваме на Кан. Луѓето кои одат во Кан имаат сметки со по неколку милиони и милијарди на нив. Значи за да не бидеме бледа копија и импровизација на она што се случува на светските фестивали, треба да бидеме во рамки на своите можности. Манаки може да биде и е одличен фестивал , и ако веќе треба да се споредуваме со другите филмски фестивали треба да ја гледаме програмата, луѓето кои ќе дојдат, другите потпрограми...

Кога се случува Кан, луѓето таму не одат да гледаат филм туку да се запознаат меѓу себе, да продадат сценарио, да се продадат себе како актери... Тоа е годишен саем или еден од саемите на луѓето кои се бават со филмска индустрија и тоа е број еден“.

 

 

Според Петар еве како една јавна личност треба да се појави на фестивал од ваков тип:

„Секој треба да биде свој, мислам дека тоа е најдобриот идентитет и печат кој можеш да го оставиш во јавноста. „Свој“, подразбира од друга страна и да го испочитуваш моментот каде си. Јас сум сега свој со тоа што се чувствувам лежерно во тренерки и некоја маичка на прерамки, бидејќи така ми е комотно, но свој треба да биде и во координација со почитување на домаќинот и местото каде што си или одиш, се појавуваш, треба се да биде во некаков сооднос.

 

petar (3)

 

Може сега мене не ми е баш најкомотно што носам тесни панталони, slim fit кошула, custum made сако и манжетни, затоа што тоа не е моето секојдневие, јас не сум банкар, не морам секој ден да бидам закопчан, ама просто сметам дека треба да го испочитувам организаторот на фестивалот, а тоа сепак да биде во сооднос со тој мој некој идентитет“, заклучи водителот.

Сепак на крајот се сè сведува на градење на свој моден идентитет кој ќе ја одбележи вашата личност, карактер и стил. Менталната хигиена која никако не смеете да ја прикривате со име на некаков бренд или модна куќа, да му се препуштите на  вашиот креативен дух и нормално сето тоа во согласност со вашите финансии и типот на манифестација која ја посетувате.

 

 

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Сцена