Последниот ден од работната недела го дочекавме со сонце, но се чини дека подоцна врнежите повторно ќе се вратат.

Тоа не значи дека денеска треба да се откажеме од стилската комбинација што ја планиравме и да блеснеме на последниот ден од работната недела.

Носиме шармантно џемперче со копчиња во темно црвена боја и го комбинираме со плисирано здолниште во иста нијанса.

Иако е пролет, сè уште можеме да ги носиме омилените чизми, па денеска токму нив ги додаваме на оваа комбинација, а секако и чантата што ја одбравме е во иста боја.

Имајте убав петок!

Фото: Pinterest/Sezane

Објавено:
12 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
845 пати