Понеделник во темно црвено
•
7 ноември 2016
Првиот ден од работната недела го дочекавме со дожд што значи дека треба добро да се заштитиме од него. Температурите се навистина високи за ова време од годината, па денеска носиме тенко и едноставно џемперче во темно црвена боја и го комбинираме со шармантно палто во иста нијанса и фармерки. Поради дождот, комбинацијата надополнете ја со гумени чизми во кои ќе се чувствувате безбедно во текот на целиот ден и модерна чанта во вид на ранче која ја обожаваме оваа есен. Од шминки единствено носиме темно црвен кармин кој денеска ни е доволен за да го разубавиме денот.