Вториот ден од работната недела го дочекавме со облачно и дождливо време, па потребно е добро да се облечеме и да се заштитиме од дождот. Денеска носиме фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со бело и топло џемперче.

Комбинацијата надополнете ја со оваа впечатлива јакна со кожени ракави и црни чизми за дожд. Веќе е време за топла капа и шал, па така денеска во комбинацијата вметнете ги и нив. Чантата е едноставна и црна, но доволна да ви собере сè што е потребно за денеска.

Уживајте во дождот!

Објавено:
20 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.477 пати