Вторник во бело здолниште и крем џемперче
•
16 април 2019
Вториот ден од работната недела конечно го дочекавме без дожд, па тоа значи дека можеме да го облечеме омиленото здолниште во бела боја.
Истото го комбинираме со крем џемперче кое денеска можеме да го носиме и без палто, бидејќи и температурите се нешто повисоки.
Секако, на комбинацијата ѝ додаваме високи кафени чизми што сè уште можеме да ги носиме бидејќи времето нѝ го дозволува тоа.
Украсете ја комбинацијата со ременче со панделка и чанта што одговара.
Фото: Pinterest