Првите роденденски фотографии на принцот Луис
•
23 април 2019
Принцот Луис денеска го прославува првиот роденден. Војвотката од Кембриџ Кејт ги објави и првите фотографии од најмладиот член на семејството, а најчестите коментари се дека Луис неодоливо потсетува на постарото братче и сестриче.
Она што исто така е воочливо, ако ги споредиме фотографиите од првите родендени на трите деца е дека носат исти чевли. Се работи за модел „Early Days Navy Blue Leather Alex Pre-Walker shoes“, чија цена изнесува 29 фунти, односно околу 34 евра.
Инаку, фотографиите што кружат во јавноста се фотографирани од Кејт Мидлтон, што беше случај и со претходните две деца.