Пролетта е во полн ек, но сè уште има денови кога дождот носи ниски температури, но тоа никогаш не е причина да не одбереме стилска комбинација.
Оваа сезона женските костуми се апсолутен хит, па денеска ви предлагаме токму таков составен од кусо палто и здолниште со впечатливи копчиња.
Костумот ние го комбинираме со едноставна бела памучна маичка која е сосема доволна за да го надополните и онака стилскиот избор.
Станува збор за костим од малку подебел материјал, кој е како создаден за овој преоден период од годината кога не знаеме какво време нè очекува во текот на денот.
Секако, парчињата можеме да ги носиме и самостојно, па така доколку почувствувате потреба можете да го носите здолништето со маичката, а палтото да го оставите за постудени денови.
Костумот ние го надополнивме со впечатливи сини чевли на ниска потпетица и обетки во малку поразиграни нијанси.
Уживајте во пролетта и бидете уникатни секој ден!
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Костум, маичка, чевли: Mango
Обетки: Parfois
Модел: Татјана Јанушева
Модна агенција: Моделс Ин
Фризура и шминка: Елена Лука
Локација: Cherry Orchard