Гучи ќе биде дел од хуманитарна акција

20 септември 2013

Онлајн аукцијата ќе започне на 23 и ќе трае до 30 септември, а сретствата ќе бидат наменети за подобрување на образованието, здравствените услуги и правата на жените.Во аукцијата ќе бидат вклучени три култни парчиња од Гучи. Првата е New Bamboo Bag, the New Jackie Bag (модерна интерпретација на онаа  која ја носеше Џеки Оназис) и the Soft Stirrup Bag ( инспирирана од модерната верзија од 1975 година).

Клер Бортвиг која е специјалист за акцесорис во Гучи изјавила – „Наша е честа да бидеме дел Chime for Change и се надеваме дека ќе допринесеме за подобрување на правата на жените ширум светот со тоа што ќе учествуваме во онлајн продажбата нудејќи три уникатни чанти од Гучи.“

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Актуел