Must have: Сламена шапка за летото што едвај го чекаме

5 јуни 2019

Иако имаме уште некоја недела до летото, а и времето не нѝ оди во прилог, секако треба да се инспирираме во што ќе уживаме претстојните топли денови.

Покрај лежерните и стилски парчиња како лелеави здолништа, шик кошулки и удобни комбинезони, модните додатоци се нешто на што мора да му посветите внимание.

Шапките се нешто што дефинитивно го одбележува секое лето, а ова сакаме да бидеме уште повпечатливи од минатото.

Ви предлагаме една фантастична сламена шапка од Манго која покрај тоа што е совршена за летниот одмор, можете да ја комбинирате и во секојдневните стајлини.

Во горниот дел истата е украсена со детали од школки кои ѝ даваат уште пошармантна димензија.

Комбинирајте ја со што и да посакате и бидете вистинска дама во текот на целото топло лето. 

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Модел: Татјана Јанушева

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Cherry Orchard 

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
483 пати