Би носеле сè од новата ресорт колекција на „Каролина Ерера“

12 јуни 2019

Дизајнерот Вес Гордон немаше лесна задача по заминувањето на Каролина Ерера во пензија, но со оваа ресорт колекција покажа дека е достоен да ја продолжи нејзината креативна мисла.

Минатото често знае да биде инспирација за дизајнерите, но не секогаш да биде успешно искористена во сегашноста.

И Вес Гордон се послужи на некој начин со истото и создаде фантаситчен микс. Направи спој на корените на брендот и ги спои со младешки и свеж изглед на креациите.

Дизајнерот тргнува од идејата да вметне елементи од венецуелската култура (од каде всушност и потекнува дизајнерката), па убавите, свежи бои, дезените, како и везовите преку кои се чувствува духот на Латинска Америка се јасна асоцијација. Од друга страна, остана доследен на кројот кој најчесто е строг, остана доследен и на „пуфнастите“ ракави, нагласените половини со ремен....

Крајниот резултат се креации за жени од различни генерации, за секој дел од денот и за сите пригоди, а ние би ги носеле сите.

Разиграно, весело, со стил, дамски, а младешки - сè што е потребно за лето!

Погледнете и сами:

 

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.756 пати