„Скриените“ трикови на секогаш беспрекорно стилизираните жени

19 јуни 2019

Независно од тоа колку се зафатени или ограничени со време, некои жени едноставно секогаш изгледаат добро, беспрекорно стилизирани.

Сите го немаме таквиот талент, па во наш прилог е да се огледаме на нив и да искористиме некои од „триковите" што тие секогаш ги имаат „во ракав".

Организиран плакар
Добро организираниот плакар и средената гардероба, е првиот чекор кон совршен аутфит. Кога имате точен увид што и каде ви се наоѓа, секогаш ќе заштедите на време, но истовремено полесно ќе добивате инспирација.


Издвојте време за комбинирање
Не секогаш можеме во неколку минути да го осмислиме најсоодветниот стајлинг за одредена пригода. Затоа, одвојте време за да споите неколку комбинации што секогаш ќе ви бидат на памет за конкретни прилики.


Бидете креативни
Инвестирајте во неколку базични, класични парчиња, а потоа искористете го својот креативен потенцијал да ги споите со остатокот од гардероберот.


Внимавајте на конфекциските броеви
Исклучително значајно е да одберете парчиња што одговараат на вашите пропорции и на вашата телесна конституција. Во спротивно и најсовршенот дизајн ќе го изгуби својот шарм.


Пронајдете инспирација
Дури и најстилските жени имаат свој извор на инспирација. Во најмала рака, секогаш може да ги погледнете инстаграм профилите на модно освестените икони на стилот и да се мотивирате.

 

Објавено:
19 јуни 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.387 пати