Кели Озборн ја лансира својата модна приказна

18 август 2014

Ако ја следите емисијата каде Кели Озборн има улога на моден критичар заедно со саркастичната Џоан Риверс, тогаш сигурно сте забележале дека пејачката најавува нов проект. Сепак, се појави и официјалното соопштение дека Озборн планира да лансира сопствена колекција која ќе биде сочинета од 13 парчиња како комбинезони, класични црни сакоа, кошули со „Петар Пан“ јака, „пенлако“ и кратки глок здолништа. Конфекциските броеви нема да бидат во рамките на дизајнерските стандарди, туку ќе има и такви за жени со повеќе килограми.

-Верувам дека секој пат кога облекувате нешто, тоа е со посебна причина. Тоа го мислам бидејќи секогаш кога ќе погледам во мојот гардеробер, знам кое парче какви чувства буди во мене. Би сакала креациите од мојата колекција да имаат своја приказна кога ќе ги погледнете во вашиот плакар, изјавува Кели Озборн.

Дека таа е комплетно посветена на модата и сериозно и пристапува е несомнено, а тетоважата која ја направи на својата глава каде е тетовиран зборот „Stories“ сега јасно покажува зошто е тоа така. Инаку, колекцијата ќе се најде на продажба на официјалната страна на Кели Озборн.

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Актуел