Ако ова лето ви здодеаја сите оние широки фустанчиња во кои се чини најдобро функционираме на високи температури, тогаш време е за нивна замена.

Станува збор за кратките панталони со висок струк кои одлично се согласуваат со некоја памучна маичка и се супер избор во оние моменти кога не сте расположение за некое летно фустанче.

Доколку се со соодветна должина и условите ви го дозволуваат тоа, можете да ги носите и на работа со некоја стилска кошулка, но секако најдобар избор се во слободните денови кога сакате да се чувствувате лежерно.

Ова лето, голем број познати брендови ги сместија во нивната понуда, па така во изборот можете да најдете разни материјали, бои, украсени со ремен, со џебови или без, со тропски принтови или едноставни црни.

Одлични се и за правење комбинации додека сте на одмор, каде можете да експериментирате со изборот и да ги стилизирате со што и да посакате.

Не двоуемете се и доколку сакате да ги носите на некоја свеченост, туку едноставно комбинирајте ги со некоја маичка на тенки прерамки и високи потпетици за шик изглед.

Погледнете како девојките ги носат кусите панталони ова лето и инспирирајте се.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
22 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.272 пати