Бон Џови е во Хрватска на одмор

25 јуни 2019

Хрватска е една од најпопуларните дестинации за познатите светски ѕвезди сезонава. После Џесика Алба, Селма Хаек, Семјуел Л. Џексон, Рајан Рејнолдс, во убавините на Хрватска ќе ужива и Бон Џови.

Тамошните медиуми пренесуваат дека легендарниот рокер вчера е виден како се качува на јахта во Цавтат, во близина на Дубровник, што предизвикало возбуда кај оние што успеале да го препознаат.

Бон Џови ќе се релаксира на ова прекрасно место во друштво на сопругата Доротеа Харли и најмладиот син Ромео. 

После престојот во Хрватска кој ќе му се приклучи на својот бенд на турнејата „This house is not for sale“, во рамки на која ќе настапат во Британија, Германија, Шпанија, Швајцарија, Полска, Белгија, Австрија, Романија и Израел.

Инаку, ова не е прв пат музичарот да ја посети Хрватска. Во 2011 беше во Загреб, а истата година одлучи и да го помине одморот таму.

 

извор: croatiaweek.com

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
851 пати