Крајот на јуни секогаш е резервиран за традиционалната „Серпентин“ забава. Годинава домаќин е брендот „Шанел“, па британската елита и светски познатите личности од А-листата буквално блеснаа во креации со негов потпис.
Лондонската галерија „Серпентин“ годинава по 19.пат поставува павилјон во Кенсингтон Гарденс, од уметник кој претходно го одбира за да го проектира. Годинава честа му припадна на 45-годишниот јапонски архитект Јунија Ишигами.
Неговата работа е инспирирана најчесто од покриви, па токму во тој стил е и годинашниот павилјон. Делото е изработено комплетно од природни материјали, а благодарение на фотографот Никилеш Хаваи кој направи и виртуелна тура за истиот, можете да го видите и одблиску ТУКА.
Ишигами е вториот најмлад дизајнер на павилјонот и неговата работа е позната поради светoл и ефемерен пристап.
Кога е модата во прашање, речиси и да нема модно промашување. Беспрекорно дотерани и расположение, придонесоа за ова 19-то издание на забавата да биде впечатливо и успешно.
Во продолжение погледнете и како изгледаа дел од гостите.
А остатокот во галеријата: