Во моментов во Париз се одржува модната недела на висока мода каде сосема очекувано можеме да видиме некои од најголемите имиња во модната индустрија.

Секако, ниту оваа модна недела не можеше да помине без присуството на прекрасната Оливија Палермо која во своите куфери спакува фантастични парчиња.

Трендсетерката и овојпат воодушеви со изборот на стајлинзи на сите ревии на кои присуствуваше, почнувајќи од женствените костими со мешан принт, па сè до едноставните црно – бели комбинации.

И овојпат таа комбинираше парчиња од високата мода со оние од high street продавниците, нешто што таа умее да го направи на совршен начин.

„Мајка ми уште од мала ме научи дека треба да бидам соодветно облечена кога и да го напуштам мојот дом, без оглед на тоа кој период од денот е. Дури и ако одите на аеродром, до продавница или пак на прошетка, треба да изгледате и да се чувствувате добро“, вели Оливија.

Овојпат, таа одбра парчиња во малку потемни бои од она на што навикнавме да ја гледаме, па така кожените панталони, црната маичка од тантела, црното палто и белите кошули беа нејзините омилени.

На ревијата на Диор се чини остави најголем впечаток кога се појави во ефектно издание составено од широко плисирано здолниште со принт и палто кое иако сосема различно, одлично се вклопи во комбинацијата.

Како и секогаш, Оливија Палермо е вистинска инспирација со фантастичните комбинации!

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
846 пати