Тренд аларм: Омилениот летен класик – бермуди + плетена маичка

8 јули 2019

Нема ништо поубаво во текот на летниот период од бермуди и лежерна маичка во кои ќе може да уживате во текот на целиот ден, па дури и кога температурите се ултра високи.

Денеска ви предлагаме една токму таква комбинација составена од куси панталони со висок струк во нежна розова нијанса и истите ги комбинираме со плетена маичка како ултимативен хит ова лето.

Комбинацијата сама по себе е стилска, но ние ја дополнивме со сандали во нежна, светла портокалова боја која иако сосема спротивна, одлично се усогласува со другите бои во комбинацијата.

Сите парчиња од денешниот стајлинг се ултра летни, па на истите им додадовме уште еден неодолив моден додаток – впечатлива шнола во неколку бои.

Оваа комбинација можете да ја носите на безброј пригоди, одлична е за летни забави, уште подобра за свечености како свадби и слично, а совршена за секојдневни прошетки или дружба со пријателите.

Нежната шминка е сè што ви треба покрај оваа комбинација и спремни сте за да го освоите летото!

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Бермуди, маичка, сандали: Mango

Шнола: Parfois

Модел: Ирина Јонческа

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Старо Буре, Кучково 

Објавено:
8 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
714 пати