Петок во бело тантелно фустанче и кафени сандали
•
26 јули 2019
Во лето, дефинитивно нема поубава комбинација од лежерно фустанче и рамни сандали во кои може да уживаме и на високите температури.
Денеска одбираме токму таква комбинација составена од бело тантелно фустанче со должина до глуждовите и ракави до лактите.
Истото го комбинираме со рамни сандали со врвки во кафена нијанса и бохо чантичка во иста нијанса.
Очилата за сонце и денеска се задолжителни, а доколку сакате да комбинирате и накит, нека биде во златна нијанса.