Видео: Кога Алекс Родригез ќе ѝ подари Порше на Џенифер!

30 јули 2019

Иако и самиот ќе признае, малку е иронично да се подари автомобил на жена што не возела повеќе од 25 години, но што би ја израдувало кога веќе има сѐ?

Вака вереникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез го започнува видеото во кое тој и нивните деца одбираат подарок за музичката дива која пред неколку дена наполни 50 години.

Во видеото, тие заедно ѝ одбираат црвено Порше со нејзините иницијали на регистрацијата и ѝ подготвуваат неверојатно изненадување во дворот од семејната куќа.

Имено, Родригез ѝ врзува превез на очите и ја носи во дворот каде Поршето го носи неговата ќерка заедно со останатите деца, по што следува вистинско воодушевување кога таа ќе го види.

Во истиот момент, таа влегува во автомобилот заедно со вереникот и вози низ улиците во населбата каде што живеат, велејќи дека се чувствува прекрасно и дека тој ѝ ја вратил независноста.

„Никогаш не сум имала ваков автомобил. Зарем ќе треба да возам? Никогаш не сум возела автомобил, точка“, се пошегува пејачката и актерка, пред да влезе во возилото.

Овој автомобил има почетна цена од околу 120.000 американски долари, но не се знае колку точно чини оној што Алекс ѝ го подари на Џенифер.

Погледнете го видеото во кое Алекс ѝ го честита роденденот на неговата вереница со подарок каков што таа не очекуваше.

 Инфо и фото: Daily Mail/YoutubeAlexRodriguez

Објавено:
30 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.465 пати