Студен чоколаден мус за топлите летни денови

8 август 2019

Во текот на летото секогаш нѝ се потребни некои ладни десерти или напитоци за да можеме да се освежиме.

Дека нема подобар десерт од чоколадото во сите форми е и повеќе од сигурно, но што ако и чоколадото ова лето е студено?

Покрај сите оние совршени летни десерти меѓу кои на прво место е сладоледот, постојат и некои други во малку изменето издание за кои подоцна можете да нѝ заблагодарите.

Чоколадниот мус е дефинитивно десерт што му се допаѓа на секој, па така нема да погрешите ако денеска подготвите еден за вашето семејство или гостите што ви се најавија.

Состојките на овој десерт се многу едноставни, а подеднакво едноставна е и подготовката на истиот за кој читате во продолжение.

Потребно:

140 грама темно чоколадо

Една чаша хопла

Три белки

Подготовка:

Првиот чекор што треба да го направите е да го стопите чоколадото на пареа претходно исецкано на коцки за процедурата да оди полесно. За време на топењето додајте малку од хоплата претходно изматена и добро изладена, а другиот дел од истата вратете го во ладилник. Кога чоколадото добро ќе се стопи и соедини со хоплата, тргнете го на страна и изматете ги белките. Откако чоколадото малку ќе се излади, во него додадете го остатокот од изматената хопла и белките и добро измешајте. Ставете ја смесата во соодветни чашки и украсете со некое шумско овошје по избор и оставете го неколку часа во ладилник добро да се излади.

lazy_cat_kitchen

Инфо: Fashion.hr

Објавено:
8 август 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
622 пати