Чоколадната торта дефинитивно е еден од омилените десерти на секој човек на планетава, па добредојдена е во секое време и на секое место.
Доколку и рецептот е едноставен и истата се прави за кратко време, тогаш имате полн погодок и сигурно слатко уживање.
Кога говориме за чоколадни торти секогаш ни текнува на некои комплицирани рецепти и најчесто се откажуваме од нејзино подготвување, па затоа денеска ви предлагаме еден ултра лесен рецепт во кој ќе се вљубите.
Рецептот што следи има само две состојки што најверојатно ги имате дома и се прави на едноставен и лесен начин.
Потребно:
Три јајца
Три чоколади за готвење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Одвојте ги жолчките од белките, при што белките ќе ги ставите во фрижидер, да бидат студени додека не почнете да ги подготвувате.
Искршете ги чоколадите и стопете ги на пареа, а кога ќе се изладат, додајте ги жолчките и добро измешајте ги да се соединат.
Во голем сад, изматете ги белките што претходно ги ставивте во ладилник. Откако добро ќе ги изматите, измешајте сè заедно, но ставајте ги постепено.
Садот за печење обложете го со хартија и ставете ја смесата. Печете на 170 степени околу 30 до 40 минути, а откако ќе биде готово, оставете да се излади и украсете по желба.
Инфо и фото: zena.blic.rs