Овие денови температурите паднаа под нулата, па некако сосема логично е дека дојде време да уживаме во топлината на нашиот дом.
По тој повод, одвојте време за конечно да ги направите рецептите за кои говорите уште одамна, а доколку снемате инспирација, ние го имаме совршениот чоколаден тарт за оваа зима.
Истиот е навистина едноставен, чоколаден, совршено вкусен и ќе ви треба малку време и состојки за да го направите.
Потребно:
200 грама брашно
50 грама бадеми
Малку сол
25 грама шеќер во прав
150 грама путер
Една жолчка
Две големи лажици студена вода
За премачкување:
Една жолчка
Една лажица слатка павлака
Подготовка:
Измешајте ги бадемите (мелени), брашното и солта. Во друг сад добро изматете ја жолчката со вилушка и водата. Путерот исечете го на листови и додадете го во брашното. Полека додајте ги и жолчките со водата и направете убаво тесто. Разделете го тестото на два дела и ставете го во фолија и во ладилник барем половина час. Извадете го од ладилник и ставете го тестото во калап за тарт или кружно тавче и ставете го да се пече на 180 степени околу 20, 30 минути. Извадете го од печката и премачкајте го со другата смеса и вратете го да се пече уште малку.
За филот:
200 грама млечно чоколадо
200 грама слатка павлака
На пареа стопете го чоколадото, а слатката павлака изматете ја во лесен шлаг. Измешајте ги двете смеси да се соединат. Оставете добро да се излади и ставете ја врз изладеното тесто.
Добар апетит!