Тренд аларм: Дводелна комбинација со флорален принт за егзотично лето

12 август 2019

Во лето сакаме да носиме флорални принтови, што потсеќаат на летната егзотика.

Токму затоа нашиот денешен избор за тренд аларм е овој впечатлив комплет со цветен принт од шпанскиот бренд Манго.

Комплетот го сочинуваат кошула по кратки ракави и широки панталони, што може да се комбинираат и во спортско, но и во елегантно издание.

Ние се одлучивме за спортската варијанта, па комбинацијата ја надополнивме со бели патики.

За летниот изглед да биде комплетен, задолжителни се сламениот шешир и сламената чанта од Parfois, што може да се носи со кратка или долга рачка.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Комплет, патики: Mango

Шапка, чанта: Parfois

Фризура и шминка: Елена Лука

Модел: Ванеса Гоцева

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
12 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
728 пати