alicia-keys_naslovnica

После глобалниот успех на колекцијата пролет-лето Рибок во соработка со Алиша Кис оваа есен ја презентира колекцијата патики, со потписот на една од најуспешните музичарки.

Новата линија обувки, која од земјите од регионот ќе ја има само во Хрватска, донесува возбудливи модели во четири клучни линии: Reptile II Pack, Tribal II Pack, Military Pack и Crocodile Pack.

alicia-reebok

Првата ја карактеризира црн материјал со принт на кожа од рептил со детали во силна црвена боја. Втората е мешавина на кожа во силни бои, додека пак Military Pack ја комбинира антилоп кожата, платното и најлонот, па донесува интересни модерни детали, кои на патиките со потпис на Алиша Киз им даваат единствен женствен изглед.

Последната линија од колекцијата есен-зима 2013 е Crocodile Pack и доаѓа во шик нијанса на морнарско сина боја со мотиви на крокодилска кожа и тренди гумена платформа.

Колекцијата ќе биде ексклузивно достапна во специјализираната продавница на брендот во Загреб.

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци