Бремени жени и доилка во новата кампања на „Адидас“ и Фарел Вилијамс

31 август 2019

„Сега е нејзиното време“ е слоганот под кој е лансирана новата кампања на „Адидас Ориџиналс“ и Фарел Вилијамс.

Како велат, тие во фокус ја ставаат жената, односно моќта на претставувањето и храбрите избори.

Зад фотографиите на кампањата се потпишува Колер Шор, која е позната по тоа што преку своите фотографии континуирано ги презентира родовите теми, сексуалноста и идентитетот, нешто што секако е тема и во оваа кампања на Адидас.

Пред објективот се жени - од уметници до активистики кои совршено се вклопуваат во темата и се познати во областа што ја работат, но не исклучително популарни како ѕвездите за кои секојдневно читаме.

 

„Суд е пејачка и авторка, Патрис Кулорс е ко-основач на „Black Lives Matter“, Најда Окамото е основач на period.org, Реге Јатес е писателка и режисерка, Идрис Санду е архитектка, Кеала Наие е суферка, Сана Азим активист за човекови права и снимателка, Тајра Мичел е мајка, уметница и основач на „Art Mom project“, Исабела Рангел Грутман е модел и ко-основач на „Style Saves“, Сара Камингс е модел, како и Кадиџа Диавања, Шина Каин и Софија Паркер се танчарки...  и сите овие совршено ја претставуваат секојдневната жена“, велат од брендот.

 Освен жените, во фокусот на кампањата се секако и новите патики и папучи. Се работи за унисекс модели, кои пружаат удобност и леснотија при движењето.

Со ваквиот избро на жени и фотографии, „Адидас“ и познатиот пејач создадоа револуционерна кампања, особно за спортски бренд.

Погледнете ги сите фотографии:

 

 фото извор: theneptunes.org;

Објавено:
31 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
477 пати