Во рамки на модната недела во Њујорк популарната пејачка и модна дизајнерка Ријана имаше свое шоу на кое ја претстави новата колекција на нејзиниот бренд Savage x Fenty.
За разлика од другите модни ревии на кои стана традиција сите да снимаат и фотографираат со нивните телефони, на оваа тоа не беше случај.
Сите гости што пристигнаа во Беркли арената во Бруклин беа замолени да ги остават своите телефони на самиот влез, за да можат вистински да уживаат во шоуто и секако, истото да биде што помалку експонирано на социјалните мрежи.
Истото ќе биде екслузивно прикажано на Амазон на 20 – ти септември во повеќе од 200 земји ширум светот, па очекувано беше да се забрани снимањето и сликањето.
Според светските медиуми што пренесоа дел од атмосферата, шоуто го отворила самата Ријана со уште неколку модели кои стоеле во центарот на арената, по што следела танцова точка, како и перформанси од Халси и Диџеј Калед.
Очекувано, на ревијата се појавиле некои од најпознатите модели на денешницата и нејзини пријателки како Кара Делевињ, Џоан Смолс, Лаверн Кокс и сестрите Хадид.
Повторно, Ријана претстави колекција за сите жени и за сите типови на тело, по што е и позната во досегашната работа.
Од она што можевме да видиме, на ревијата пристигнаа некои од најпознатите дами облечени во секси комбинации какви што и прилегаа на пригодата.
Погледнете дел од атмосферата и гостите во очекување на целото шоу за неколку дена.
Инфо: Daily Mail, E Online, The Guardian