Рустика и семејна топлина, светол ентериер и пастелен колорит, ќе ве пречека во домот на прекрасната актерка Лив Тајлер.

Лоцирана во едно од најубавте соседства на Менхетн, „West Village" ова е куќа од соништата за сите што го преферираат овој стил на уредување.

Со оглед на тоа дека живее на релација Лондон-Њујорк, ова е семејна куќа во која престојува додека е во своето родно место.

Всушност, куќата неодамна била реновирана со цел да се врати нејзиниот стар сјај и да се надополни со длабок личен сензибилитет.

Дури и самата Лив Тајлер за магазинот „Architectural Digest“, раскажува дека постојано била присутна со професионалниот тим на архитекти и мајстори, со цел што поавтентично да се долови нејзиниот персоналитет во дизајнот на ентериерот.

Погледнете го резултатот...

 

Објавено:
17 септември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
843 пати