Балетската претстава „Ана Каренина“ утре во НОБ

18 септември 2019

Најгледаната балетска претстава за сезона 2018/19, балет во два чина „Ана Каренина" со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на Националната опера и балет на 19 септември (четврток) , со почеток во 20.00 часот.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина" на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на НОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка...

Моќна, динамична, емотивна...!

Објавено:
18 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
307 пати