Гран при на „Еврофест“ за Мери Тодоровска
Песната „Лоша навика" во изведба на телевизиската водителка и авторка Мери Младоновска, ја освои Гран при наградата во поп делот на фестивалот „Еврофест“.
Композитор е Томислав Коцевски, аранжманот е на Дејан Миленковски, додека текстот е на Мери Младеновска.
Нејзиниот менаџер Симе Младеновски најави дека музичката кариера на Мери продолжува со уште поголем интензитет и дека веќе се договорени уште неколку нејзини настапи на фестивали во нашата земја и надвор од неа.
„Соработката со одличниот тим ќе остане, но исто така ќе има и дуети за кои сè уште не откриваме детали. Секако продолжуваме и со работа на авторската емисија „Лица и дела", која неодамна се закити со диплома Најдобра и најгледана емисија, а Мери доби признание за најдобар продуцент и водител", вели Симе Младеновски.
Во видеото погледнете го настапот на „Еврофест".