Четврток во фармерки, маичка и впечатливо крем палто
•
26 септември 2019
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со сонце, иако беше најавен дожд што можеби ќе нѐ изненади подоцна во денот.
Засега, одбравме стилски фармерки со висок струк и памучна бела маичка на куси ракави, а целата комбинација ја заокруживме со широко палто во крем нијанса.
На целиот стајлинг совршено му одговараат овие фантастични чевли во иста нијанса како палтото, кои се отворени, но можеме да уживаме во истите уште некој период.
Од модни додатоци, носиме шик чанта во светла нијанса и накит во златна боја.
Уживајте во денот!