Тренд- Апликации
•
29 септември 2013
Различни и колоритни, апликациите за актуелната сезона се суштински детал бе кој вашата појава би била незамислива.
Палета од бои, плејада од форми и материјали кои едноставно ги возбудуваат сетилата. Тие се толку контрадикторни од една страна го збогатуваат стилот давајќи му кичеста визија, а од друга страна се дел од сите бон-тон манифестации и зданија. Инспирацијата е од 20-тите години и оттогаш па наваму дизајнерите постојано експериментираат со нив разубавувајќи и приспособувајќи ја нивната визија на актуелните тенденции.
Во продолжение погледнете ја галеријата каде можете да видите дел од најактуелните модели на зимските колекции кои со своите апликации дефинитивно ќе направат да изгледате поинакво, уникатно и моќно.