Сатиричниот пристап кон трендовите ги пренасочи модните текови?

15 март 2014

Хумуристичните пораки, апликациите со саркастична содржина и принтовите со ликови од научно-фантастичните филмови и цртани карактери, одвоија една нова перцепција за тенденциите за следната сезона.

Покрај „сериозните“ - елегантни, гламурозни и класични колекции, не ретки беа и оние кои не се помалку сериозни во посветеноста и реализацијата, но апсолутно се со поопуштен креативен пристап во дефинирањето на содржината создавајќи нов свет во модниот универзум за специфична таргет група која се ограничува на урбаните херои на новото време.

Комплетната колекција на Москино за есен-зима 2014/15 година се движеше токму во тој правец, создавајќи еден паралелен изглед на секојдневниот, вклучувајќи блузони со апликации од ликови од цртаните филмови и аксесоари со модифицирани верзии на логото на брендот.

Родарте прикажа фантастична линија во која помеѓу елегантните  слоевити комбинации, забележавме и неколку долги тоалети на кои доминираа џиновски принови со ликовите од „Војна на ѕвездите“.

 

Џереми Скот пак, играше на спортска варијанта. Со хипнозтизирачки принтови, апстрактни цртани ликови и преадаптирани спортски дресови, со сигурност ќе привлече внимание на „теренот“.

 

 

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Тренд