Старите Грци, имале точна формула за совршената убавина.Така, според нивната теорија со грчкиот златен сооднос на убавина „Фи" до неодамна совршено убава беше актерката Амбер Херд.
Сега пак, ситуацијата е малку поинаква. Нејзиното место го зазема моделот Бела Хадид.
Еден од најдобрите естетски хирурзи, Џулијан де Силва, кој го води „Центарот за напредна фацијална козметика и пластична хирургија во Лондон“ го потврдил ова користејќи ги најсовремените техники на мапирање на лицата.
„На Бела Хадид ѝ недостасуваат само 0.3 % од совршениот облик. Но, кога е позицијата на очите во прашање, е на второто место, зад Скарлет Јохансон. Бијонсе се котира високо благодарение на нејзините очи, усни и веѓи.
Лицето на моделката е симетрично дури 94.35%. Нејзините очи, веѓи, нос, усни, јаболчници и обликот на лицето биле измерени и се најблиску до античкото совршенство за убавина.
На второто место е Бијонсе со 92.44%, додека споменатата Амбер Херд со 91.85 проценти е на третото.
Списокот продолжува со Аријана Гранде (91.81%), Кејт Мос (91.05%).
Десетото место ѝ припадна на Кара Делевињ со 89.99 проценти.
Погледнете ги комплетните табели и фотографиите:
10 најубави жени во светот:
1: Бела Хадид - 94.35%
2: Бијонсе - 92.44%
3: Амбер Херд - 91.85 %
4: Аријана Гранде - 91.81%
5: Тејлор Свифт - 91.64%
6: Кејт Мос - 91.05%
7: Скарлет Јохансон - 90.91%
8: Натали Портман - 90.51%
9: Кејти Пери - 90.08%
10: Кара Делевињ - 89.99%
Жени со најубави (најсиметрични) делови од лицето:
Нос - Амбер Херд 99.7%
Очи - Скарлет Јохансон 99.9%
Усни - Кара Делевињ 98.5%
Веѓи - Кара Делевињ 94%
Брада - Бела Хадид 99.7%
Чело - Кејт Мос 98.8%
Облик на лице - Бијонсе 99.6%