Погледнете како е украсена Белата куќа за „Ноќ на вештерките“

30 октомври 2019

Во Белата куќа „Ноќта на вештерките“ пристигна малку порано. Имено, првата дама, Меланија Трамп преку соопштение за јавноста, соопшти дека одбележувањето на овој ден ќе се случи на 28 октомври и дека со нетрпение ги очекуваат сите маскирани дечиња.

Така и се случи. Завчера децата од локалното училиште, како и децата на војниците беа пречекани од претседателската двојка и им беа поделени слатки. Со звуци од песната „Thriller“ на Мајкл Џексон и од темата „Addams Family“, најмалите се прошетаа во интересните костими. 

Белата куќа беше совршено тематски украсена, со тикви, високи црни дрвја, фенери... 

Во медиумите денеска се зборуваше и за изгледот на првата дама. Таа се појави во пачворк кожен мантил, во есенски нијанси, со потпис на Мајкл Корс, а кој чини 6.000 долари. Комбинацијата ја заокружи со црни лубутанки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Trump Phenomenon (@thetrumpphenomenon) onOct 29, 2019 at 1:08pm PDT

 

На социјалните мрежи се појавија мноштво фотографии, а ние ви пренесуваме дел од нив.

 

фото извор: Instagram.com; gulfnews.com; 

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.544 пати