„Ноќ на вештерките“ во Белата куќа

1 ноември 2017

Американците ( а сè повеќе и остатокот од светот) вчера го одбележаа „Halloween“ односно „Ноќ на вештерките“.

По тој повод, претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп организираа забава под маски, на која најбројни гости беа децата.

Првата дама не го криеше задоволството што ќе другарува со најмалите и најкреативните, па јавноста имаше можност да види дека насмевката што ретко ја гледаме, прекрасно ѝ стои.

Белата куќа беше обивена со пајакова мрежа и големи пајаци, во духот на овој ден.

Дел од присутните беа маскирани и токму како Доналд Трамп, а во играта со маските учестуваа и дел од вработените во Белата куќа, што предизвикаа насмевки и воодушевување кај јавноста.

Меланија се појави во уште една елегантна комбинација. За оваа пригода се појави во кафен капут во А-форма со дворедно закопчување од модната куќа „Ботега Венета“, во комбинација со кафени салонки.

Кошницата со подароци за најмалите ја замени чантата како моден додаток.

Иако се смета дека неформалното облекување е дозволено за еден ваков ден, во такво издание ја видовме и Мишел Обама своевремено, сепак поранешниот модел одлучи да остане доследна на својот стил.

Инаку, Мејми Ајзенхауер, сопругата на 34-от претседател на САД, Двајт Ајзенхауер, била дамата што првпат ја украсила Белата куќа за „Ноќ на вештерките“на 30-ти октомври 1958 година. Таа на овој ден ги угостила сопругите на нивните вработени во Белата куќа. Декорациите вклучувале скелетни фигури што виселе од ламбите на ѕидовите, потоа фенери, тикви и други фигури...

Ајзенхауер

На масите биле поставени и минијатурни вештерки на метли и 16 сребрени садови исполнети со златни и бронзени хризантеми. По масите исто така, биле „расфрлени“ и есенски лисја и ореви. Црните мачки, бувови, глави од вештерки и гоблини виселе од лустерите во фоајето.

Традицијата ја продолжиле Кенеди. Каролин и Џон. Тие во 1961 година организирале хуманитарен настан во овој дух, а во соработка со УНИЦЕФ, како и приватна семејна забава со пријателите и вработените.

Кенеди

Овој ден имал посебно место за време на владеењето на Никсон. По тој повод тие организирале серија јавни настани, посебно посветени на локалните деца. Во 1969 година, 250 деца од локалната програма „Ширење на хоризонти“ биле дел од забавата во Белата куќа по повод „Ноќ на вештерките“. Еден од влезовите бил претворен во уста на огромна тиква. Откако посетителите ќе поминат низ устата, ги пречекувале две вештерки, кои делеле маски. Триша Никсон била маскирана во циганка. Останатите соби подготвени за забавата биле исполнети со балони, кловнови, магионичари.... Во 1971 година, првата дама Патриција Никсон била облечена пак, како циганка, и организирала забава за 150 болни деца, а на неа присуствувале и ликови од Дизни цртаните.

Никсон

Во 1977 година, Ејми Картер го прославува својот роденден во Белата куќа со тематска забава „Ноќ на вештерките“, на која кани 14 другарчиња. Тиква, хамбургери, торта од ванила, чоколаден сладолед и оригиналната верзија на филмот „Франкештајн“ била забавата која претседателското семејство Картер им ја организирало. Наредната година пак, била органзирана голема забава за 600-те вработени луѓе во Белата куќа и нивните парнери.

Картер

Ренолд Реган и Ненси по враќањето од Камп Дејвид, во 1983 година, се враќаат во Белата куќа со огромна тиква на која пишува „Stay the Course“.

Реган

Семејството Буш организираше забава за 600 деца на кои беа раскажувани приказни за духовите во Белата куќа, меѓу кои и таа дека духот на Абрахам Линколн никогаш не бил виден и дека ќе се покаже токму таа вечер.

Буш

Буш

Клинтонови организираа забава под маски за нивните пријатели и возрасни, а со оглед дека Хилари слави роденден на 26-ти октомври, често ги комбинирала тие две прослави.

Клинтон

Мишел и Барак Обама секоја година од двата мандата организираа забава за децата од локалните училишта, како и за децата на војниците. Исклучок беше 2012 година, кога се случи природна непогода. На нивната прва забава за „Ноќ на вештерките“, во 2009 година, тие подготвија вреќички со податоци, колачиња и суво овошје за 2.000 деца, кои беа маскирани во суперхерои, пирати...

Обама

 

фото извор: interactives.wane.com; historybyzim.com; theblaze.com; businessinsider.com; elle.com; whitehousehistory.org;

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.525 пати