„Hocus Pocus“ добива продолжение

29 јуни 2022

Неколку месеци откако беше објавена веста дека Дизни+ подготвува продолжение на еден од најпопуларните филмови за Ноќта на вештерките, „Hocus Pocus" од 1993 година, филмот е официјално потврден и веќе се знае датумот на неговата премиера.

Фото: elle.com

Дизни неодамна објави дека „Hocus Pocus 2" ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата на 30 септември, еден месец пред Ноќта на вештерките.

Иако детали за филмот сè уште се чуваат во тајност, засега е познато дека оригиналниот каст за сестрите Сандерсон, Бети Мидлер, Кети Наџими и Сара Џесика Паркер се враќа за ова продолжение, а режисер на филмот ќе биде Ен Флечер.

- Заклучете ги вашите деца! Да, Салем, се вративме! - Винифред вели во тизерот, откако еден пар средношколци случајно ги оживуваат сестрите Сандерсон.

 Фото: elle.com

„Поминаа 29 години откако некој ја запали свеќата со Црниот пламен и ги воскресна сестрите од 17 век, и тие сега бараат одмазда. Овојпат на тројца средношколци им останува да ги спречат грабливите вештерки да предизвикаат нов хаос во Салем пред да се раздени на Ноќта на вештерките."

 

Објавено:
29 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
61 пати