Детска колекција на H&M инспирирана од Ноќта на вештерките

14 октомври 2013

Шведскиот бренд H&M со својата нова колекција за деца инспирирана од претстојното празнување на Ноќта на вештерките, продолжува со хуманитарните активности.

Еден дел од средствата собрани од продажбата на оваа колекција се наменети за подобрување на квалитетот на образованието и здравствените услуги во земјите каде што тоа е најпотребно.

Во едицијата наменета специјално за деца, All for children, очигледна е мотивираноста на дизајнерите од детските приказни и ликовите од светот на Дизни: маички со пиратски принтови, комбинезони во риги, фустани за мали принцези, украси за глава и богатство од бои и фантазија.


Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Колекции