Вака изгледа детската колекција на Барбери
•
12 јули 2014
Групата на британски уметници, писатели и философи кои твореле во првата половина на 20-тиот век, а под името Bloomsbury Set, се чини беше инспиративна за Кристофер Бејли и за создавање на детска колекција.
Фустанчиња, јакни, пончо џемперџиња се само дел од она што го нуди брендот за најмалите. Не само што се убави, туку се и удобни и живописни... Токму каква што треба да биде една детска колекција. Во продолжение ви ја презентираме и сигурни сме дека многумина ќе се согласат дека ова се одлични модели за во зима.
Така, без разлика што можеби не сте во можност да купите Барбери парче, ова е добар информатор за тоа што ќе биде тренд во следната сезона кога е детската облека во прашање...