Кристофер Бејли инспирацијата за најновата Ресорт на Барбери за 2015 ја најде во графичките решенија на кориците на поетските книги и фикција од почетокот на 20-тиот век. Кога се материјалите во прашање, дизајнерот се одлучил за лесен памук, свила, односно за природни материјали што ќе придонесат за удобно и лесно чувство при носење. Сафари принтот е исто така застапен и тоа на јакните и мантилите со големи џебови, во комбинација со пенкало здолништа... Нијансираните материјали пак, придонесуваат оваа ресорт колекција на Барбери да изгледа свежо и динамично.
Пат кон Лос Анџелес е инспирацијата на Даниел Вингејт за Ескада. Погледнот кон морето, маринците се чини беа доволно провокативни за дизајнерот, кој ги искористи и се присутни и во однос на бојата и во однос на мотивите. Принт-панталони, туники, здолништа, палто од кожа, се само дел од она што оваа модна куќа г0 нуди во својата ресорт колекција. Она што ја прави исто така привлечна е и тоа што содржи парчиња кои можете да ги комбинирате и за дневни, лежерни комбинации, но и за вечерни излегувања.